fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Тиквешки лозаро-овоштари” бараат „вранецот” да се продава за 13, а „смедеревката” за 11 денари

Тринаесет денари за килограм грозје од винската сорта „вранец" од 19 малигани и 11 денари за „смедеревка" од 17 малигани, плус субвенции од по два денара за килограм грозје, од државата, бара Здружението „Тиквешки лозаро-овоштари".

За ова денеска на прес-конференција информираше Дане Јошев, претседател на регионалното здружение. Тој рече дека доаѓа време за берба на грозјето и лозарите очекуваат винарниците што побрзо да кажат по кои цени, за која шеќерност на родот, ќе го вршат откупот.

Јошев јавно побара да се доплатат сите финансиски средства кои им се должат на лозарите. Ги повика земјоделците од Тиквешко да присуствуваат на мирниот протест в понеделник во Прилеп, со барања за подобри денови во земјоделството. /МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close