вестиВино

Во Тиквешијата започна бербата на најзастапената винска сорта вранец

vranec

Во Тиквешијата започна бербата на винското грозје од сортата вранец, откупот тече нормално иако количините се далеку помали од порано.

И додека лани лозарите ги молеа винарските визби да им го земат грозјето сега најверојатно, откупувачите ќе се натпреваруваат кој да откупи повеќе. Оваа година поради неповолните временски услови родот е намален за деведесет проценти но затоа пак има добар квалитет, вели Ѓорѓи Бебеџаков – сопственик на два откупни пунктови во Кавадарци.

–  Дневната динамика е мнгоу слаба, бидејќи на повеќе пунктови се откупува грозјето, со мали количини, мислам дека нема повеќе од 4-5 милиони килограми, шеќерноста е презадоволителна но се е залудно кога нема доволно грозје, вели нашиот соговорник.

Цените и покрај очекувањата на лозарите сепак останаа исти.

– Во моментов се откупува вранецот а од денес започнуваме и со откуп на смедеревката. Цената за вранецот е 13 ден за килограм за одложено плаќање и 12 ден за кг за плаќање веднаш. За смедеревката  цената  е 11 денари за плаќање на одредено време и 10 ден за кг за плаќање веднаш, посочи Бебеџаков.

Исто така се почесто покрај откупните пунктови можат да се забележат и трговци од Босна и Албанија кои нудат 15 денари за килограм грозје набрано во гајба.

Лозарите и понатаму не им веруваат на винарските визби зашто како што велат повторно ќе си поиграт со нив, едно најавуваат а друго прават. Државата и ова година повторно ќе ја балансира лошата и нарушена состојба во лозарскиот сектор со давање на државна помош, како за лозарите така и за винарските визби.


 

канал77.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close