“Тракторијада” во Могила
Во Општина Могила денеска се одржа традиционалниот саем за земјоделство-Тракторијада 2017.
Голем број на компании кои се занимаваат со дистрибуција на механизација и друга земјоделска опрема, препарати за заштита и прихрана во земјоделското производство како и компании кои вршат финансиски услуги од областа на аграрот, годинава по трет пат беа дел од овој настан, кој Општината го организира во соработка со Локалната Акциона Група ПеЛАГонија.
Најголем дел од населението во Општина Могила се занимава со земјоделство и затоа од големо значење за жителите е одржувањето на ваков настан, вели градоначалничката Гулевска. Ова е можност земјоделците да видат и да научат нешто ново за оваа дејност .
-За 90% од жителите во Општина Могила земјоделството е основна дејност, така да значењето на овој настан е големо, вели Јасмина Гулевска-градоначалник на Општина Могила.
Саемот за Земјоделство – Тракторијада 2017 е организиран од Општина Могила и Локалната Акциона Група “ПеЛАГонија“ со цел поврзување на земјоделците од Пелагонија и Република Македонија со домашните снабдувачи на земјоделски суровини, опрема и услуги.