fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Треба да вратиме 2,2 милиони евра злоупотребени пари од европските фондови

ОЛАФ бара државата да врати 2,2 милиони евра злоупотребени европски пари за случајот за кој токму таа поднесе кривична пријава.

Директорот на Националната агенција, Марко Ѓоргиевски на прес-конференција во Владата соопшти дека Македонија треба да врати 2,2 милиони евра, пари што биле злоупотребени од европските фондови.

Прес-конференцијата се одржа по објавите дека наместо за фризерниците и тренирањето на магариња, за што јавно беше линчувана поранешната директорка на Националната агенција за образовни програми и мобилност, Лидија Димова, ОЛАФ бара државата да врати 2,2 милиони евра злоупотребени европски пари за случајот за кој токму таа поднесе кривична пријава.

Известувањето дека парите треба да се вратат до Националната агенција стигнало во декември за злоупотребени грантови на 22 корисници од програмата „Еразмус +“ кои биле доделени во периодот од 2016 до 2018 година.

-Сакам да Ве информирам, Вас и целата македноска јавност за применото известување на Европската канцеларија за борба против измами и барање за поврат на 2,2 милиони евра од Националната агенција односно Република Северна Македонија злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“. Имено на 30.11.2023 година преку електронска пошта Генералниот директорат за образование млади спорт и култура до Националната агенција достави известување во кое се бара поврат на средства во корист на Европската комисија согласно извештајот на ОЛАФ. Бевме информирани дека постојат одредени наоди за неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата на „Еразмус плус“ финансисирани од Европската комисија. Согласно ова известување се бара поврат од 2, 276.212 евра средства кои биле доделени како грантови во временскиот период од 2016 до 2018 година, соопшти директорот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close