
Агро бизнисВестиТоп вести
Трипуновски -„Ајварот е совршен пример за она што претставува „Македонско најдобро”
Целта на „Македонско најдобро“ е подигање на националната свест за квалитетот на македонските земјоделски производи и обезбедување на полесен пристап на граѓаните до домашните земјоделски производи и преработки.
„Ајварот е совршен пример за она што претставува „Македонско најдобро” – традиција, квалитет и автентичност што се пренесува од генерација на генерација“, истакна министерот Цветан Трипуновски на манифестацијата „Ајверијада” во општина Босилово.





