Трипуновски до Димковски: Се фалиш со нешто за кое и ти не веруваш дека е така
Наместо СДС и Трајан Димковски да кажуваат лаги и манипулации во кои и тие самите не веруваат, треба да кажат пред јавноста зошто субвенциите се уште не се исплатени, зошто е намален сточарскиот фонд.
Наместо СДС и Трајан Димковски да кажуваат лаги и манипулации во кои и тие самите не веруваат, треба да кажат пред јавноста зошто субвенциите се уште не се исплатени, зошто е намален сточарскиот фонд и зошто од Македонија направија увозно зависна земја од храна?
Ако навистина е толку добро како што се фалат тогаш зошто секоја недела има по најмалку еден протест од земјоделците како резултат на незадоволство од негрижата и незаинтересираноста на владата на СДС, Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски?
Денеска за жал додека владата живее богато, земјоделците едвај преживуваат. Секоја гранка во земјоделството ја уништивте. Единствената вистината е дека македонскиот земјоделец никогаш порано не бил волку потценет и омаловажуван.
П.С. Трајан ти порачувам наместо да држиш прес конференции, можеби е подобро да им се придружиш на земјоделците и директно од нив да ги слушнеш проблемите со кои се соочуваат,. А да и не би било лошо да го повикаш најнеспобниот министер Николовски кој наместо да шета по белиот свет да почне навистина да се грижи за земјоделците.
Земјоделците повеќе не ви веруваат, прочитани сте и затоа бегате од предвремени парламентарни избори, објави реакција на ФБ Цветан Трипуноски од ВМРО-ДПМНЕ.