fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски: Исчезнати се голем дел од документите од архивата на Министество за Земјоделство, недостасуваат и спорни договори

Трипуновски посочи дека во архивата на МЗШВ недостасуваат и документи во секторот за финансиски прашања кои се однесуваат на преглед на исплати како и доцнење при исплата на доспеани обврски.

Од архивата која што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) се исчезнати голем дел од документите, обвини денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски. Тој додава дека веќе десетина дена официјалната страница за МЗШВ не е во функција, а од Министерството, како што рече, се правдаат дека се под хакерски напад без да ја информираат јавноста за каков сајбер напад станува збор.

„Според нашите информации со кои располагаме, а за кој МЗШВ крие, документите кои недостасуваат во електронска форма се податоци од фарм-регистарот и сите активни регистри кој што ги води МЗШВ за откупувачи за вино, за земјоделските задруги, за органско производство, преглед на сите важечки договори за закуп на земјоделско земјиште, а нема ниту листа на должници. Исто така изгубена е целосно евидентацијата за сите постапки кои што се поврзани со закон за управна постапка и дополнително не може да се постапува и да се завршат тековните започнати управни постапки. Недостасуваат и важечките договори за концесии риби и дивеч“, вели Трипуновски,

Тој додаде оти поради хакерскиот напад земјоделците не можат да извадат потврди и уверенија кои по разни основи ги бараат од Министерството како релевантен документ за во Министерството за труд и социјална политика.

Трипуновски посочи дека во архивата на МЗШВ недостасуваат и документи во секторот за финансиски прашања кои се однесуваат на преглед на исплати како и доцнење при исплата на доспеани обврски. Во секторот за човечки ресурси на Министерството, пак, истакна дека недостасуваат персоналните досиеја на вработените и целокупната документација за сите вработени во МЗШВ.https://www.slobodenpecat.mk/tripunovski-ischeznati-se-golem-del-od-dokumentite-od-arhivata-na-ministestvo-za-zemjodelstvo-nedostasuvaat-i-sporni-dogovori-i-postapki/

„Молкот од страна на првиот човек на министерството Љупчо Николовски отвора сериозен сомнеж дали се работи за хакерски напад или пак во прашање е прекривање на криминални дејствија и злоупотреби од страна на Владата на антимакедонската СДС. Николовски мора да одговори пред јавноста дали од документацијата недостасуваат и голем број на спорни договори и постапки, кои можело да го инкриминираат врвот на Министерството, како и кој го одржувал софтверот на министерството и колку народни пари се исплатени за одржување?“ прашува Трипуновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close