fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски- Лозарите се пожалија за немањето загарантирана откупна цена на грозјето

Само со посветена работа ќе успееме повторно да го вратиме македонското земјоделство на вистинските патеки, а со тоа ќе го вратиме и достоинството на македонските земјоделци, објави Трипуновски.

Цветан Трипуновски дополнителен заменик министер за земјоделие оствари средба со лозарите и земјоделците од Тиквешијата.
-Разговаравме за проблемите и предизвиците со кои што се соочуваат изминатиов период. Земјоделците се пожалија задоцнетите и неисплатени субвенции, за немањето загарантирана откупна цена на грозјето, а исто така се пожалија и побараа санација на системите за наводнување.
ВМРО-ДПМНЕ има јасен план и програма како да ги реши проблемите на македонските земјоделци, ќе се зголеми грижата за лозарите, субвенциите ќе бидат навремени согласно календарот за исплата на субвенции, ќе го ставиме во функција АД Водостопанство и вода ќе има за сите земјоделци. Само со посветена работа ќе успееме повторно да го вратиме македонското земјоделство на вистинските патеки, а со тоа ќе го вратиме и достоинството на македонските земјоделци, објави Трипуновски.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close