fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Трипуновски: Лозарството бележи сериозен раст во производството на винско и трпезно грозје

Со оглед дека имаме уште период на откуп, во наредните седум до десет дена ќе се откупува уште и очекуваме бербата да заврши со над 110 милиони килограми винско грозје”, објасни министерот Трипуновски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во поткастот „Проверитас”, истакна дека споредбено со претходната година, лозарството бележи сериозен раст во производството на винско и трпезно грозје.

 

„Податоците покажуваат значителен напредок споредбено со минатата година. Во минатата година вкупната берба на македонското грозје изнесуваше околу 85 милиони килограми, од кои 65 милиони килограми беа откупени од индивидуални земјоделци. До денешниот ден бербата на винското грозје е над 96 милиони килограми“, посочи министерот.

 

„Со оглед дека имаме уште период на откуп, во наредните седум до десет дена ќе се откупува уште и очекуваме бербата да заврши со над 110 милиони килограми винско грозје”, објасни министерот Трипуновски.

 

Според министерот, зголемувањето на приносот се должи на тоа што преку АД Водостопанство се обезбеди навремена и доволна количина вода за наводнување.

 

„Ние за овие над 110 милиони килограми на винско грозје ако земеме просечна цена од 0,30 евроценти, значи некаде околу 33 милиони евра ќе влезат директно кај македонските производители“, истакна тој.

 

Според него, клучот на успехот лежи не само во зголемувањето на откупните цени, туку и во истовремено зголемување на квантитетот на производството на грозје.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close