Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски на новиот министер Борче Серафимовски му посака успешна работа

На мојот колега му посакувам успешна работа во продолжување на проектите што ги започнавме во интерес на земјоделците

Доскорешниот министер Цветан Трипуновски ја предаде функцијата на новиот министер Борче Серафимовски.
Трипуновски објави – Со примопредавањето на функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, завршувам едно значајно поглавје исполнето со работа за развој на земјоделскиот сектор.
На мојот колега му посакувам успешна работа во продолжување на проектите што ги започнавме во интерес на земјоделците.
Заеднички покажавме дека со работа и визија можат да се постигнат резултати.
Верувам дека грижата за земјоделството и понатаму ќе остане приоритет.

Поврзани новости

Back to top button