вести

ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ ОД ЕУ, СЕ ОТВОРА ЈАПОНСКИОТ ПАЗАР СО 127 МИЛИОНИ ПОТРОШУВАЧИ!

(Oвој напис е објавен на: јули 19, 2018)

Трговскиот договор помеѓу ЕУ и Јапонија не е игра со резултат нула, туку сигурна комбинација за двете вклучени страни. Договорот ќе донесе конкретна корист за двете страни, со што истовремено ќе се помогне во заштитата на чувствителните прашања, рече претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

 

Договорот за економско партнерство, помеѓу ЕУ и Јапонија, беше потпишан во вторникот,  во Токио, од страна на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, како и јапонскиот премиер Шинзо Абе. Станува збор за најголемиот трговски договор, кој ЕУ некогаш го договорила, со кој што ќе се опфати третина од глобалната економија и пазар со повеќе од 600 милиони луѓе.

„Документот кој го потпишавме е многу повеќе од трговски договор. Тој, секако претставува инструмент, со кој ќе се создаде можност за нашите компании, работници и граѓани, а со таа можност ќе се овозможи раст на европската и јапонската економија. Но, тој е и порака, поради својата содржина, подрачјето на делување и моментот во кој се склучува. Претставува порака за двата партнери, истомисленици кои заедно сочинуваат една третина од светскиот БДП и кои повторно ја нагласуваат својата верност кон почитувањето на највисоките стандарди и подрачја, како што се: работа, сигурност, заштита на животната средина или потрошувачите. Пораката која ја испраќаме, гласи: веруваме во отворена и праведна трговија која се темели на правила. Порачуваме дека, трговскиот договор не е игра со резултат нула, туку добитна комбинација за двете вклучени страни. Тој договор ќе донесе конкретна корист за двете страни, но истовремено ќе помогне и да ги заштитиме чувствителните прашања, рече претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Најголемиот дел од царините се укинуваат

Комесарот за трговија, Сесилија Малмстром, нагласила дека европскиот земјоделски сектор, има посебна причина да слави, затоа што добива пристап на големиот јапонски пазар, како и заштита за повеќе од 200 видови препознатливи прехранбени производи и пијалоци.

„Го поканувам Европскиот парламент да го одобри овој договор во најкраток рок, како би можеле земјоделците, граѓаните и компаниите, што е можно порано, да ги искористат неговите предности“, повика еврокомесарката.

Со договорот ќе се укинат голем број царини, во висина од една милијарда евра годишно, кои ги плаќаат компаниите од ЕУ, кои извезуваат во Јапонија, со што ќе се отстранат бројни долготрајни регулаторни пречки, на пример оние во автомобилскиот сектор. Исто така, за клучните земјоделски производи од ЕУ, ќе се отвори јапонскиот пазар со 127 милиони потрошувачи и ќе се зголеми можноста за извоз од ЕУ, во низа други сектори.

Со договорот, како што се наведува во известувањето од Европската комисија, пред се, се постигнува следното:

  • се укинуваат јапонските царини на многу видови сирење, како што се Гауда (Gouda) и Чеда (Cheddar) – кои моментално изнесуваат 29,8%, како и на извозот на вина (кои сега се во просек 15%)
  • ќе се овозможи значително зголемување на извозот на говедско месо од ЕУ во Јапонија, а кога станува збор за свинското месо, со месните преработки ќе се тргува без царина, а ослободено од царина ќе биде и свежото месо,
  • во Јапонија ќе се обезбеди заштита за повеќе од 200 европски земјоделски производи со висок квалитет, со географски ознаки, како и заштита на одредени производи со јапонски ознаки на геграфското потекло од ЕУ.

Договорот ќе стапи на сила во 2019 година

Со договорот се отвора и пазарот на услуги, конкретно финансиски услуги, е-трговија, телекомуникации и превоз. Со него, исто така:

  • компаниите од ЕУ добиваат гарантиран пристап на големите пазари за јавни набавки во 48 големи јапонски градови и се отстрануваат пречките во јавните набавки во економски значајниот железнички сектор на национално ниво,
  • се решаваат одредени осетливи прашања во ЕУ, на пример во автомобилскиот сектор, со преоден период до седум години пред укинување на царината.

Договорот вклучува и сеопфатно поглавје за трговија и одржлив развој, со него се поставуваат многу високи стандарди на сигурност, заштита на животната средина, работниците и потрошувачите, се зајакнува делувањето на ЕУ и Јапонија во областа на одржливиот развој и климатските промени, а со тоа и во целост се заштитуваат јавните услуги.

Договорот, во моментот ја чека ратификацијата од Европскиот парламент и Јапонскиот парламент, после што истиот може да стапи на сила од 2019 година.

 

Валентина Соколовска

за ЗЕЛЕНА БЕРЗА

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close