Агро бизнисБез категоријаВести
Трипуновски на средба со оризопроизводителите, пчеларите и рибарите од кочанскиот регион
За сите категории земјоделци задоцнетите и неисплатени субвенции преставуваат најголем проблем
Заменик министерот за земјоделие Цветан Трипуновски оствари средба со оризопроизводителите, пчеларите и рибарите од кочанскиот регион.
Разговаравме за сите актуелни состојби и предизвици со кои се соочуваат во изминатиов период. За сите категории земјоделци задоцнетите и неисплатени субвенции преставуваат најголем проблем, следуваат и проблемите со водостопанство, неквалитетниот увозен мед кој што ја намалува цената на домашниот природен мед, а исто така има и многу проблеми со концесиите коишто се доделуваат партиски.
Потребни се големи промени во сите сегменти од земјоделството, шумарството и водостопанството.