Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Трипуновски со известување до лозарите за цената на грозјето
Пресметка на производна цена за двете најзастапени сорти на винско грозје за 2024 година
Ве известувам дека производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет ( Службен Весник 146/24).
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведе Јавен конкурс за избор на институција и склучи Договор со Земјоделски Институт – Скопје за вршење на услугата.
По завршување на пресметката од страна на Земјоделски Институт – Скопје, министерството јавно ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје во текот на следната недела, соопшто министерот Цветан Трипуновски.