fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиЕкологијаЛов и риболовМакедонијаТоп вести

Трипуновски: Состојбата со Водостопанство ќе се подобри, приоритет се задоволни вработени и земјоделци

Вода мора да има за сите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска одржа средба со Филип Филиповски, нов главен извршен директор на АД Водостопанство и со Ромео Тренов, директор на Управата за Водостопанство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во текот на средбата се зборуваше за актуелната состојба во АД Водостопанство.

Двајцата директори се сложија дека состојбата во која што се наоѓа Водостопанство е тешка и сложена, но со посветена работа и заеднички напори ќе ја вратиме функционалноста на претпријатието.

„Приоритет ни е задоволни вработени и земјоделци. Поради неспособноста и незаинтересираноста на минатата власт страдаа земјоделците и нивните насади. Но, од денеска ќе се работи на подобрување на состојбата, вода за наводнување мора да има за сите“, рече Трипуновски.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close