fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Лозарите бараат 20 отсто од милионските заработки на винарниците

Лозарите се револтирани поради ниските откупни цени на грозјето кои им ги понудиле винарниците, што резултираше со револт и протест на лозарите. Лозарите бараат повисоки откупни цени и дел од милионските заработки на винарниците. Според нив, во Македонија откупните цени се најниски во регионот и 20 години не се променети и покрај тоа што се покачија цените на препаратите, работната рака...

Лозарите се изморија секоја година да се борат со истите проблеми, ниските откупни цени и игнораторскиот однос на винарниците. Велат дека винарниците и оваа година си тераат по свое и не ги почитуваат договорените цени од 16 денари за „смедеревка“ и 17 денари за вранец. Како што информираат, винарниците и годинава им понудиле ниски откупни цени од 10 и 12 денари за килограм, што резултираше со револт и протест на лозарите. Тие бараат да им се вреднува вложениот труд и да знаат дали и понатаму да вложуваат во лозарството или да го напуштат. Ако останат ланските цени, се гледа крајот на лозарството во нашиот крај, пренесува „Вечер“.
Тие бараат повисоки откупни цени и дел од милионските заработки на винарниците. Според нив, во Македонија откупните цени се најниски во регионот и 20 години не се променети и покрај тоа што се покачија цените на препаратите, работната рака…
-Откупните цени не се променети 20 години и покрај тоа што се се покачи цените на препаратите, работната рака…Една година ќе ја симнат цената на 7 денари за килограм, а потоа пак ќе ја покачат на 12 денари и така 20 години. И годинава понудија цени од околу 12 денари за килограм, која е многу ниска и не им овозможува никаква заработка на лозарите. Ние бараме барем 20 отсто од заработката на винарниците. Не може они да имаат милионски суми заработка, а ние да не можеме да ги покриеме ниту трошоците и секоја година да се вадиме со субвенциите, вели за ВЕЧЕР претседателот на Здружението “Напредни лозари” Трајче Кулев.
Според него, винарниците и годинава сами си ги одредуваат цените и не го почитуваат трудот на лозарите. Повторно излегоа со многу ниски откупни цени што предизвика револт и страв кај лозарите дека повторно ќе не можат да ги платат аргатите и да ги покријат другите трошоци.
Кулев појаснува дека за да се наполни еден трактор со три тони грозје ти треба најмалку 3 декари површина. Така на пример ако ти платат по 10 денари од килограм ќе добиеш околу 30.000 денари од кој 10.000 денари имаш трошок за работна рака за берба, а останатите за кроење, прскање, препарати… За лозарите нема никаква заработка, освен субвенциите кои изнесуваат околу 4.500 денари од декар, односно 45.000 за еден хектар.
И од Националната федерација на фармери велат дека откупот на грозјето повторно започнува со голем број на манипулации кои се на штета на лозарите.
-Со години наназад „смедеревката“ се откупува по цена до 11 денари за килограм, додека „вранецот“ до 13 денари за килограм. Секоја година преку НФФ одделение за лобирање и застапување правиме пресметка за производната цена на грозјето, која излегува дека е 15 ден по килограм. Oвие статистички податоци се потврдени и од страна на релевантни институции. Затоа ние сметаме дека Со ваквите ниски откупни цени само се уназадува лозарството, кој е еден од значајните сектори во земјоделството, посебно за производство на вино кое е извозно ориентирано и значајно за БДП на државата, потенцира Васка Мојсовска, претседателка на НФФ.
Националната федерација на фармери со години наназад бара да се создадат вистински партнерски односи помеѓу лозарите и винарниците и согласно податоците откупната цена на грозјето треба да изнесува колку 16 ден по килограм за „смедеревка“ и 17 ден за килограм „вранец“. Исто така бараат стартот на бербата и скалата на шеќерните единици да ја одредуваат релевантни научни институции се со цел да нема манипулација околу цените и шеќерните единици.https://www.vecer.press/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close