fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски вели дека е постигната рекордна висока цена за грозјето

Рекордна постигната цена во делот на откуп на двете најзастапени вински сорти на грозје Вранец и Смедеревка

„Вчера се заокружи процесот околу откупната цена на двете најзастапени сорти на винско грозје Вранец и Смедеревка. На состанокот кој што го имавме вчера доцна попладнето со винарските визби направивме едно заокружување да согласно пресметката на цена која што ја даде Земјоделскиот институт – Скопје како овластена научна институција да направи пресметка на производна цена која што согласно Законот за вино е зголемена за 25% како добивка на лозарите“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на утринската емисија на Сител телевизија.

Трипуновски додаде дека финалната цена резултираше да Вранецот за килограм изнесува 20,8 денари, а Смедеревката изнесува 18,3 денари.

„Тука сакам да потенцирам дека овие цени се за 19 шеќерни единици за Вранецот, и 17 шеќерни единици кај Смедеревката. Што значи дека во процесот на откуп секоја шеќерна единица плус која што ќе дојде на квалитет на грозјето ќе биде дополнително платен“, потенцираше министерот.

„Како пример ако донесе земјоделец Вранец со 20 шеќерни единици првичната цена од  20,8 денари ќе биде зголемена за 1,1 денар согласно пресметката по шеќерни единици. Што значи дека тој земјоделец ќе добие цена од 21,9 денари речиси 22 денари за килограм“, појасни Трипуновски.

Тој посочи ако се прави компарација со претходните години, овдека имаме сериозно зголемување оваа година на цените за килограм. Тоа значи дека Смедеревката е за некои 22% со повисока откупна цена од тоа што била минатата година. А, сортата Вранец е некаде околу 15,5% повисока цена. И ова е рекордна постигната цена во делот на откуп на двете најзастапени вински сорти на грозје.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close