fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Трипуновски ветил исплатата на субвенции за земјоделците да почне од Свети Трифун, велат фармери за „Зелена берза“

Ветено ни е дека средствата ќе почнат да се исплаќаат  по 10 февруари откако ќе се донесат програмите на МЗШВ во Владата. Значи лозарите ќе добијат први субвенции, по нив ќе земат и сточарите, тутунарите, градинарите, оризарите, и се што е заостанато“, изјави  Тони Петковски-Паша за Зелена берза.

На средба со фармерите Трипуновски ветил исплатата на субвенции за сите гранки да почне од „Свети Трифун“.

На средбата што сточари од Пелагонија ја остварија со министерот Цветан Трипуновски (на 28 јануари) им било кажано дека субвенциите ќе почнат да се исплаќаат за околу две недели и дека првите што ќе бидат исплатени ќе бидат лозарите пред празникот „Свети Трифун“, изјави за Зелена берза, Тони Петковски-Паша, сточар од Велушина, претседател на здружението „Пелагонско поле“ .

Според она што ни го изјави Петковски исплатата на субвенциите ќе почне по изгласувањето на програмите на МЗШВ од страна на Владата за тековната 2026 година. Односно тоа ќе се случи пред празникот Свети Трифун, а први за исплата ќе бидат лозарите.

„Имавме конструктивна средба со министерот Цветан Трипуновски, при што на прашањето кога ќе ги добиме заостанатите субвенции по сите основи и гранки не само за стоачрите, ни беше ветено дека средствата ќе почнат да се исплаќаат  по 10 февруари откако ќе се донесат програмите на МЗШВ во Владата. Значи лозарите ќе добијат први субвенции, по нив ќе земат и сточарите, тутунарите, градинарите, оризарите, и се што е заостанато “, изјави  Тони Петковски-Паша за Зелена берза.

На крајот на јануари сточари од Пелагонија оставрија средба со министерот Трипуновски при што без да се дадат детали од разговорот министерот објави дека -Секој предлог е добредојден, секоја сугестија е важна. Нашата цел е поддршка на земјоделците кои произведуваат и придонесуваат за развој на домашната економија, напиша Трипуновски.

 

 

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close