fbpx
Вести

Во Битола ставена на увид Предлог-годишната програма за продажба на земјоделско земјиште

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, во својата подрачна единица во Битола, ја стави на увид Предлог – годишната програма за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост за 2015 година.

Од П.Е. на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, предложени се вкупно 197 хектари земјоделски површини во македонски 18 општини, а во Битола огласени се четири зејоделски површини, потврди Илија Србиновски, раководител на ПЕ на МЗШВ.

Field_Shooting_by_jendrynDV

– Јавниот увид на Предлог – годишната програма ќе трае 10 дена, до 17-ти мај 2015 година каде сите заинтересирани лица може да дојдат во нашите простории и да дадат предлози, приговори и иницијативи на Предлог – програмата. На територијата од наша надлежност на увид се четири земјишни површини во село Рамна, кај местото викано „Вранји луг“, односно 3 ниви и еден овоштарник со различна површина. Земјоделското земјиште ставено на продажба не е под наем, службеност, закуп или друг товар, појасни Србиновски.

Со оваа програма утврдено е земјоделското земјиште во државна сопственост кое е предмет на продажба, вкупната површина на земјоделското земјиште, максималната и кумулативаната површина на земјоделското земјиште кое може да биде предмет на продажба, површината на земјоделското земјиште парцелизирано во блокови со површина до 10 хектари и над 10 хектари, катастарски податоци содржани во имотните листови за земјоделското земјиште, намената на земјоделското земјиштето, податоци за тоа дали има склучено договори за закуп на земјоделско земјиште и за времетраење на закупот доколку го има, службеност или други товари на земјоделското земјиште, состојба во која се наоѓа земјоделското земјиште и условите за продажба на земјоделското земјиште, посочуваат од ПЕ на МЗШВ со седиште во Битола.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close