fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз

„Брашното и лебот како основни намирници достигнаа рекордно високи цени како никогаш до сега. Килограм брашно и една векна леб се продаваат и по 60 денари“, вели Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој додава:

Високата цена на брашното и лебот пред се е предизвикана од неспособноста и криминогеноста на владата предводена од СДСМ. Од почетокот на кризата до денес владата не интервенираше ниту еднаш на пазарот со пуштање во оптек на дел од државните резерви. И второ 5 години по ред производството на пченица во Република Македонија паѓа. Па така ако во 2016 година се произвеле над 310.000 тони пченица што е доволно за задоволување на домашните потреби, сега се произведуваат помалку од 250.000 тони, тоа е за 60.000 тони помалку производство.

Погрешните политики на СДСМ ја направија Македонија увозно зависна на храна и поранлива на ценовни шокови. Доколку продолжи ова темпо на негрижа на власта, ни се заканува глад. Затоа предлагаме: Владата да интервенира со 40.000 тони пченица од стоковите резерви, за лебот да не стане луксуз.

Имено доколкu не се превземат итни мерки преку пуштање во оптек на пченица од државните резерви, цените ќе растат и лебот и брашното буквално ќе бидат луксуз за нашите сограѓани.

Со ослободување на 40.000 тони пченица до почетокот на жетвата ќе се спречи зголемување на цената на брашното и лебот, воедно и ќе влијае на намалување на истата цена.

Ваквиот потег беше преземан во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ како тогашна власт кога имаше ценовен шок во светот, но ние тогаш не дозволивме народот да го почувствува тоа . За разлика од тогаш, сега СДСМ е на власт и затоа лебот и брашното се плаќаат по цена и од 60 денари.

СДСМ нема капацитет да се справи со кризата, и затоа подобро и за нив и за државата е да има предвремени парламентарни избори час поскоро, за да се формира нова влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и која ќе ја извлече државата од оваа тешка криза.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close