Трипуновски: Владата и Николовски го газат социјалниот дијалог и ги кршат работничките права
Со укинување на Колективниот договор, владата и Николовски го газат социјалниот дијалог и ги кршат работничките права.
Откако ги уништија земјоделците и земјоделскиот сектор, Љупчо Николовски се префрли на уништување и на самото министерството и вработените.
Во текот на вчерашниот ден, МЗШВ се дрзна да го укини Колективниот договор со којшто се регулираат различни прашања околу работните односи.
Владата и Николовски забрануваат колективно делување и го газат социјалниот дијалог, како и го поткопуваат неговото значење и го загушува правото на работниците да бидат слушнати и уважени.
Со оглед на тоа дека колективниот договор може да им донесе можност да се изборат за поголеми права, подобри услови за работа и слично, владата на СДС ги ускратување и крши работнички права, односно правото на достоинствена работа и достоинствена плата.
Ова е преседан. МЗШВ и МТСП грубо ги кршат одредбите од Конвенцијата бр 154 за колективно договарање,151 Конвенција за работни односи ( јавна служба ) и Конвенцијата 150 за администрацијата на трудот кои се ратификувани во Република Македонија
Ова е прв ваков случај во историјата на Македонија на откажување на колективен договор од страна на работодавач, и тоа не кој било туку самата Влада, која се декларира како социјалдеморкатска и декларативно се обврзуваше дека ќе ги почитува и унапредува правата на работниците преку социјален дијалог.
Колективниот договор на работници може да им донесе можност да се изборат за поголеми права, подобри услови за работа и повисока плата, а Влада и Николовски им го ускратуваат тоа право.
Но, со овој потег се отвораат и сериозни сомнеж дека ќе продолжи насилното откажување на колективните договори сè до целосно укинување и забранување на колективното договарање во Република Македонија, што е спротивно на ервопските и меѓународните правила за социјален дијалог.
Согласно Закон, иако е укинат овој колективен договор, сепак истиот ќе се применува уште 6 месеци, но што потоа?
Тврдењето дека по налог на Владата, трудовите инспектори направија надзор на Колективниот договор на МЗШВ и не најдоа ништо спорно, беше заклучено дека колективниот договор е добар, но постапката за негово склучување била спротивна на закон и се наложи негово раскинување.
Ова не е основ за раскинување на Колективниот договор, туку во најмала рака неодговорност на Владата, која индицира и задни намери кои допрва ќе излегуваат во јавност.
И самите вработените во МЗШВ не се согласуваат со укнувањето на Колективниот договор.
Власта наместо да се насочи кон почитување на правата на работниците, унапредување на правата на работниците, како и подобрување на животниот стандард и подобра егзистенција, се насочува кон целосно уништување и на земјоделците и на вработените во министерството.
Апелирам до Николовски да престане да си подигрува и да прави циркуз, туку веднаш да започне да работи во интерес на вработените во МЗШВ и на земјоделците.
Доаѓа крајот. Она што СДС го уништи, ние со многу работа ќе го управиме.
Не се сите исти, ако на СДС и Николовски им е важен криминалот и тендерчињата, за нас приоритет се земјоделците и работниците.
Линк од ФБ статус: