fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски за откупот на грозјето- ќе има корекции на Закон во интерес на лозарите

Работиме на ново законско решение за откупот на грозјето

-Согласно податоците од Државниот земјоделски инспекторат досега се откупени околу 45 милиони килограми грозје. Со оглед на динамиката на откупот на грозје и временските услови откупт ќе заврши за 5 до 7 дена, бидејќи временските услови тоа го дозволуваат. Годинава имаме рекордно нависока откупна цена на двете најзастапени сорти на грозје – вранецот и смедеревката. Имаше отстапки кои се корегираа од страна на ДЗИ, но она што наиде на негодување кај лозарите е што моменталниот закон кој е во сила дозволува откупувачот за плаќање во рок од 8 дена да ја намали цената на грозјето за 8 проценти. Тука беше незадоволството од страна на лозарите. Законот е таков и јас се сложувам дека треба да биде коригиран. По завршување на откупот ќе има корекција на законот каде ќе ги елиминираме сите аномалии и недостатоци на штета на лозарите.  Жалам што оваа откупна сезона е помала по количина, што значи дека имам серизоно намалување, а главен виновник за ова намалување покрај временските услови го вперувам прстот и во минатата влада која не успеа да донесе доволна количина на вода до лозовите насади во моментот кога требаше да бида полеани“, изјави министерот Цветан Трипуновски денеска во Новаци на средба со пелагониските земјоделци.

Анета Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close