Трипуновски: Заради неспособност на СДС касни повикот за ИПАРД 3 средствата
Реакција на прес конференцијата на Даниела Колева.
Нема крај на празните прес конференции на СДС за нивниот “успех” со распределбата на европските средства!
Се фалите со нешто што ВМРО-ДПМНЕ го има воспоставено како што е формирање на платежна агенција ,нејзино екипирање, програми, средства итн.
Имено накратко само со неколку прашања сакам да ги демаскирам лажните фалби на СДС околу ИПАРД средствата:
1. Кога ќе биде објавен првиот повик за ИПАРД 3? Иако првично требаше истиот да биде објавен почетокот на 2022 година!
2. Кои се причините што и после една година нема ни најава кога воопшто ќе биде објавата?
3. Дали причината за доцнењето е немањето капацитет во ИПАРД структурите за да се акредитираат нови мерки?
4. Зошто со ИПАРД 3 се зголемува прагот на минималната инвестиција, а со тоа и малите земјоделци кои немаат свои средства, а реално имаат најголема потреба од поддршка ќе немаат можност да аплицираат?
И за крај најголемото мерило за вашиот неуспех и за тоа како го уништивте македонското земјоделство говори фактот што селата се испразнија, младите ги избркавте преку граница, а Македонија ја направивте увозно зависна од храна!
На ова ваше расипничко и недомаќинско владеење му се гледа крајот!
Цветан Трипуновски
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМЕ