fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Тројца штипјани и се заканувале на инспекторка откако таа сакала да им ја одземе рибата која негално ја уловиле

Вработена во Државниот инспекторат за земјоделство пријавила дека во текот на денот во Штип била спречена од М.А. од с.Крупиште и уште две лица во извршување на службени дејствија.

На 16.12.2022 во 12.25 часот во СВР Штип, вработена во Државниот инспекторат за земјоделство пријавила дека во текот на денот во Штип била спречена од М.А. од с.Крупиште и уште две лица во извршување на службени дејствија.

Според пријавеното, околу 11.45 часот на ул.„Сутјеска“ во Штип констатирала прекршок по член 70 став 1 од Закон за рибарство и аквакултура сторен од М.А., а откако му кажала дека согласно законот рибата ќе му биде одземена, тој со уште две лица ѝ упатиле закани и го напуштиле местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.https://makpress.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close