Системите за наводнување во Балванско поле ставени во функција

(Oвој напис е објавен на: February 26, 2017)

Системите за наводнување ставени во функција. Почна наводнителната сезона во Балванско поле. Водата пристигна на време, очекуваме добар род кај се што посадивме и посеавме, кај сите култури – велат земјоделците од селото Балван, кои години наназад се жалеа на проблемите со наводнувањето на нивите.

sistemite za navodnuvanje vo balvansko pole staveni vo funkcija

 

Старите долгови ќе мора да се подмират – добиле известување водокорисниците од Балван во спротивно како што велат самите за потрошената вода ќе им наплателе извршителите или ќе им се скратиле субвенциите. Сепак не знаат по која цена ќе плаќаат за наводнувањето.

Во Балванско поле од хидросистемот Брегалница и од десниот магистрален канал на акумулацијата „Калиманци” се наводнуваат околу 400 хектари плодно земјиште, најмногу луцерка и пченка.