
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Тинејџер од Могила со „тојота“ излетал од патот Битола-Могила се здобил со тешки повреди
На патот Битола-Могила, патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(19) од с.Могила, битолско, излетало надвор од коловозот.
Тинејџер од Могила со „тојота“ излетал од патот Битола-Могила се здобил со тешки повреди.
На 27.05.2025 во 00.37 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола-Могила, патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(19) од с.Могила, битолско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола, соопшти СВР Битола .