fbpx
ВестиВино

Туризмот во Вардарскиот регион ќе се развива со помош на Француските искуства

Стабилноста на една земја е основниот предуслов за да биде што попривлечна за странските туристи.

Ова е оцената на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние кој со француска делегација присуствуваше во Велес  на конференција на тема „ Европски искуства за развој на туризмот“.

„  Првата работа е навистина земјата да биде стабилна и да дава слика на земја која има и мир и спокојство, а втората работа да се знае навистина да се истакнат сите богатства кои ги има во оваа земја“ изјави Кристијан Тимоние – Амбасадор на Р.Франција во Р.Македонија

Туризмот во Вардарскиот регион ќе се развива со примена на француски искуства.
Проектите што допрва ќе се реализираат се доказ за успешната соработка што Вардарскиот регион ја има со регионот Алзас од Франција во изминатите години.

„ Ние порано веќе соработувавме на тема туризам, но фокусот беше ставен на винскиот туризам и развојот на винските патишта. Овој пат, одлучивме да одиме понатаму со соработката и да се посветиме на руралниот туризам“, изјави Жак Шлеф – Претседател на Асоцијација Алма
„ Многу знаења, искуства од Р. Франција за тоа што треба да направиме ние во Македонија, во нашиот регион, за да го развиваме туризмот, особено винскиот, руралниот туризам и како да ги искористиме сите потенцијали кои ни стојат на располагање за развој на Велес, на Вардарскиот плански регион и на Р.Македонија „ изјави Аце Коцевски – Градоначалник на општина Велес.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот велат дека е важно регионите во земјава да ги користат европските искуства.

„Во изготвување сме на еден документ што ќе ги обедини сите туристички чинители и позади кој ќе застанеме сите заедно со Владата на Р.Македонија за да ги одреди чекорите како ќе го развиваме туризмот на одговорен и одржлив начин на развој на туризам„ – изјави Александар Донев – Агенција за развој на промоција и поддршка на туризмот.

Податоците на државниот завод за статистика покажуваат дека  во периодот јануари – септември годинава, бројот на странски туристи е за 23,7 поголем споредено со истиот период минатата година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close