fbpx
ВестиТоп вести

Турски чили зачинети со пестициди, малини со вирус од Србија

Остатоци од пестициди во пиперки од Турција, вирусно заразени малини од Србија, афлатоксини во ф`стаци со лушпа и без неа од Америка, сулфити во суви кајсии од Узбекистан, салмонела во сусам од Индија. Ова се само дел од продуктите на кои инспекторите мора да внимаваат при увоз во земјава и кои во својот состав наместо витамини и минерали, можеби имаат отрови. Според Агенцијата за храна, досега нема увезено ниту една сомнителна пратка од листата. Редовните контроли кај овие пратки што влегуваат од увоз од наведените држави се зголемени неколкукратно. Според Агенцијата, точно се знае каде треба да се внимава и колку контроли треба да се прават за да не ни се повтори нова афера од типот на афлатоксин во млеко, олово во пченка или отровни средства за заштита во зеленчукот.

a-world-of-legumes

 

 

Европа предупредува

Во Агенцијата за храна велат дека новото решение за посебен режим на увоз не е ништо ново и дека во суштина листата се обновува на секои три месеци.

– Ако во одредена храна увезена во ЕУ се откријат недозволени опасни материи, преку посебен систем – РАССФ се предупредуваат сите држави да внимаваат на пратките што доаѓаат оттаму. Токму затоа е донесено и ова решение. Тоа постојано се дополнува со нови производи, во кои е откриена некоја недозволена материја. Во овој список тоа се пиперките од Турција, чилито од Индија, морското оревче од истата земја. Kај дел од нив Европа има најдено афлатоксин над дозволена граница, кај други салмонела или остатоци од пестициди. Затоа и ги предупредува другите земји дека постои опасност од такво нешто – вели Абдулезел Догани, заменик на директорот на Агенцијата за храна. Според него, секоја пратка на производите кои се со решение за посебен увоз мора да содржи здравствен сертификат од анализи во матичната држава.

world-food-day

 

– Но и покрај тоа, кај секоја петта, педесетта или дваесетта од нив се земаат мостри и се проверува дали сертификатот е во ред или не – вели Догани. Kај нас досега немало увезено ништо од овие земји и производи кои се на листата, а пробите да покажале дека се позитивни.

– Имаат сертификати дека е направена контрола, но и нашите контроли не покажуваат ништо. Значи, храната е безбедна – вели вториот човек во Агенцијата.

Според решението кое е веќе излезено во „Службен весник“, на посебен режим е дел од храната за животни, потоа малините од Србија кои имаат норовирус, кинеските чаеви, модрите патлиџани и што уште не.

Assorted healthy food on white background, close up
Assorted healthy food on white background, close up

Отрови наместо витамини

Според пишувањата на странските медиуми, може да се заклучи дека на светските пазари циркулираат опасни продукти, зачинети со тешки метали, пестициди, болести и бактерии. Токму поради ова, Европската Унија преку РАССФ-системот за брзо предупредување редовно ги предупредува земјите-членки да вршат засилена контрола при увозот на храна, која претставува позната или заканувачка опасност. На листата, освен гореспоменатите држави, се и Бразил, Индија, Египет, Индонезија, Мароко, Турција, но и Австралија и соседна Србија.

Според решението донесено од Агенцијата за храна, треба да се контролираат и чилито од Турција, бадемите од Австралија, кинеската зелка од Kамбоџа, гравот од Тајланд и што уште не. На решението се педесетина производи наменети за човечка и за исхрана на животни и во нив постои опасност, освен отрови, да има и вируси и бактерии. Светските нутриционисти наголемо предупредуваат дека пестицидите и хербицидите со тешките метали се отрови што предизвикуваат тешки оштетувања на црниот дроб и бубрезите и оти ако долго се користи ваква храна, последиците многу често се фатални.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close