fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Со финансиска поддршка од Европската Унија, денес започнавме нов IPA проектот за реформи во шумарството

Унапредувањето на шумарството е една од нашите стратешки цели и токму во таа насока е и почетокот на овој нов ИПА проект, кој ќе овозможи квалитетно реформирање на секторот усогласено со стандардите на ЕУ.

Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа настан со кој официјално беше одбележан  почетокот на  нов ИПА проект „Поддршка на реформите во шумарството во Република Северна Македонија“  

Проектот има временска рамка за имплементација од две години, заклучно со март 2025 година и е со вкупна вредност од 1.260.000 милиони евра. На настанот присуствуваше и шефот на делегацијата на Европската Унија, неговата екселенција амбасадорот Дејвид Гир, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, деканот на Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Кирил Сотировски, претствници на конзорциумот Партицип Картеко  кои се имплементатори на проектот, како и директори на институции и претставници на секторот шумарство.

Унапредувањето на шумарството е една од нашите стратешки цели и токму во таа насока е и почетокот на овој нов ИПА проект, кој ќе овозможи квалитетно реформирање на секторот усогласено со стандардите на ЕУ.

„Проектот претставува континуитет на завршени два помали подготвителни  IPA проекти, кои беа основа за почеток на сегашниов трет по ред од областа на шумарсвото. Со првиот се изготвија потребните анализи, со вториот  се изготви драфт верзија на новиот Закон за шумите, и се ревидираше постојната Стратегија за одржлив развој на шумарството во државата, а овој трет и најголем IPA проект, треба да даде подршка на конкретните реформи во Шумарството во Република Северна Македонија“ изјави министерот Николовски.

 Прокетот ќе се реализира низ четири поткомпоненти кои ќе дефинираат изработка на нацрт верзии на нов  Закон за агенција за шумите и нов Закон за државна компанија за шумарство. Ќе се дефинираат и стратешки планови за основање на Агенција за шуми и реструктуирање и трансформација на Јавното претпријатие Национални шуми во државно друштво со ограничена одговорност или АД. Ќе се воспостави нов веб-базиран Интегриран информациски систем за шуми (IFIS), како предуслов за ефикасно управување со шумите и спречување на нелегалната сеча, превенција и справување со шумските пожари, следење на дрвна маса и воведување нови бази на податоци кои се од големо значење за шумарството и ловството. Прокетот вклучува и воведување на мобилна апликација за побрзо идентификување и размена на информации, што значително ќе ја олесни работата на сите вклучени во секторот шумарство.

Ќе се развие и Национална инвентаризација на шуми – на пилот ниво и нови инструменти за планирање како што е План за одржлив развој на шумите.  Прокетот предвидува и одржливост на стопанисувањето со шумите проценета и потврдена преку Сертификација на шумите и издаден сертификат за повеќе од 100,000 ha шуми во нашата држава.

Министерот Николовски го искажа своето убедување во успехот на проектот нагласувајќи дека реформите во шумарскиот сектор кои претстојат, ќе го доближат шумарството до ниво кое треба да го има држава која со крупни чекори се движи кон местото кое и припаѓа, а тоа е држава полноправен член на обидинетото европско семејство.

Воедно министерот упати благодарност до Делегацијата на Европската Унија и амбасадорот Гир, за континуираната поддрша со која безрезервно ни помагаат на нашиот пат кон побрза евроинтеграција.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close