![reshen problemot so otkupot na orizot](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2016/06/reshen-problemot-so-otkupot-na-orizot.jpg)
Решен проблемот со откупот на оризот
Владата одлучи да го врати оризот на листата за откуп за потребите на државни стокови резерви. Според заменик – министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски, оваа мерка ќе донесе крај на кризата со откупот на оризот.
– И за потребите на државата, заради државни резерви да обезбедиме доволна количина која што ќе ја повлечеме од оризопроизводителите кои што сега ја чуваат оризовата арпа во нивните домови и таа ќе биде и од значење за државните резерви, а ќе биде значајно и тоа што ќе обезбедиме средства, значи веќе е донесена одлука и за обезбедување на средства за прибавување на таа количина на оризова арпа за потребите на државните резерви, и да можеме да обезбедиме средства кои што ќе завршат кај земјоделците. – изјави, Ванчо Костадиновски, заменик – министер за земјоделство.