„Тутун кој се грее но не согорува – (Heat-not-Burn)” ќе ја револуционизира тутунската индустрија
Платформата може да го промени начинот на пушење.
Технологија на „затоплување наместо горење” е новата технологија поврзана со производите од тутун, тврди аналитичар на тутунската индустрија во текстот што е објавен на CSNews.
За Бони Херцог, директор за тутун, пијалаци и истражување на малопродажни објекти во Wells Fargo Securities повикувајќи се на 10-годишната анализа на потенцијалот на платформата iQOS на Philip Morris International, односно технологијата каде тутунот се затоплува но не согорува „има вистински потенцијал да го смени начинот на пушење”.
Верувањето дека оваа технологија може да ја револуционизира глобалната тутунска индустрија доаѓа во услови на различни ставови кон ризикот од пушење и регулаторните ограничувања во поглед на употребата на цигари, забележува Херцог.
Има неколку клучни моменти за забележување од анализата на Wells Fargo Securities. Според Херцог, iQOS обезбедува конкурентна предност и за Филип Морис и за Алтриа Груп, имајќи ја предвид „супериорната технологија, предноста што е прв на пазарот со комерцијализација и клинички студии, како и можноста за напредок на брендот Марлборо на глобално ниво”.
Кон крајот на 2013 година, Алтриа и Филип Морис најавија стратешка рамка за комерцијализација на производите со намален ризик од пушење и електронските цигари. Рамката беше проширена минатото лето, со што се опфатија и заеднички истражувања, развој, како и договор за споделување на технологија, како што и претходно информираше CSNews online.
Дополнително, iQOS ќе го зголеми комбинираниот раст на профитот од цигари и производи со намален ризик во следната деценија за 400 поени, до 12,5% годишна стапка на раст за PMI, како и 260 поени и 9% годишна стапка за Алтриа, се вели во анализата.
Анализата исто така открива дека iQOS би можел да преземе околу 30% од индустријата на цигарите во развиените пазари до 2025 година; ќе ја зголеми преваленцијата кон пушење и ќе ја зголеми премиумизацијата на целосниот пазар, изјави Херцог.
„iQOS е позитивен катализатор за двете компании и им дава конкурентна предност”, изјави таа.
Херцог објасни дека платформата ќе биде двојна победа за двете тутунски компании, а Wells Fargo Securities „се повеќе верува дека тоа може да биде катализаторот кој повторно ќе ги здружи компаниите”, како што се шпекулира веќе одредено време.
Потенцијалните бенефити вклучуваат значителна синергија и намалување на трошоците, географска диверзификација, подобро координирани иницијативи и можности, особено кога се однесува на нови технологии како iQOS, како и можноста за поефективно натпреварување на глобално ниво, нагласи таа.
„Сепак, без оглед на потенцијалното спојување меѓу двете компании, веруваме дека стратешката рамка на Филип Морис со Алтриа ќе ги комерцијализира тутунските производи со намален ризик и електронските цигари, што очигледно е позитивно и за двете компании”, изјави Херцог.
Платформата може исто така да биде катализатор и да придонесе кон подобра соработтка меѓу јавното здравство и тутунската индустрија, додаде таа, посочувајќи ги клиничките докази на Филип Морис, собрани досега, кои сугерираат дека iQOS претставува “златен стандард”.
„На крајот, веруваме дека iQOS го има потенцијалот да воспостави нова јавна етика и диспозиција кон пушењето, усогласувајќи го Филип Морис со новите трендови за поздрав живот, подобрување на здравствените траектории на пушачите и начинот на кој тие се гледаат себеси како пушачи, ефективно редефинирајќи го пушачкото искутво, што не треба да биде потценето”, објасни Херцог.