Агро бизнисВестиТоп вести

Министерот Трипуновски на средба со одгледувачите на овци- Кога субвенциите за овците?

Остануваме отворени за соработка и во наредниот период ќе оствариме дополнителна средба се со цел заеднички да работиме на создавање услови за развој на овчарството како еден од главните столбови на сточарството.

Министерот Цветан Трипуновски објави дека денска имал средба со одгледувачите на овци. Во информацијата што ја сподели на фејсбук нема најава кога ќе бидат исплатени субвенциите за овците за 2024 година.
– Денеска остварив средба со одгледувачите на овци, на која разговаравме за актуелните состојби во секторот.
Разменивме мислења за предизвиците со кои се соочуваат, но и ги сослушавме нивните барања во делот на креирање на мерките за Програмите за финансиска поддршка во делот на сточарството за 2026 година.
Остануваме отворени за соработка и во наредниот период ќе оствариме дополнителна средба се со цел заеднички да работиме на создавање услови за развој на овчарството како еден од главните столбови на сточарството, објави Трипуновски.
На средбата присуствува и новата директорка на Платежната агенција Даниела Иротова -Лазарева

Поврзани новости

Back to top button