
ТУТУНАРИ! – Започнува иницијатива за подготовка на предлог-измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи
Се формира Иницијативен одбор за подготовка на измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи
ТУТУНАРИ! – Започнува иницијатива за подготовка на предлог-измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, следното обраќање ни го испратија од Иницијативниот одбор за подготовка на измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи.
Почитувани,
Стручната јавност во државата има јасен став дека неопходно е да се врати ценењето на тутунот по класи, како што е предвидено со важечкиот Закон за тутун.
Од тие причини, во консултација со експерти од областа, тутунски здруженија, други форми на земјоделско здружување (Национална земјоделска мрежа, асоцијации), како и граѓански активисти кои делуваат во ова поле, започнуваме иницијатива за подготовка на предлог-измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи.
Ги повикуваме сите тутунопроизводители кои имаат желба, знаење и подготвеност да дадат придонес со свои идеи, сугестии и размислувања, активно да се вклучат во овој процес. Имајќи предвид дека почетокот на новата производна реколта е многу блиску, а од досегашното искуство е познато дека откупувачите најчесто го започнуваат процесот на договори во втората половина на февруари, временскиот рок за подготовка на законските измени е исклучително краток.
Дополнително, ги повикуваме и членовитеитателите на веб порталот – „Зелена Берза“, тутунопроизводители, преку коментари да укажат на: реални проблеми со кои се соочиле за време на откупот, неправилности и нерегуларности при проценката на тутунот, востановени практики од страна на откупувачите кои ги сметаат за некоректни или штетни.
Доколку некој има и конкретен предлог за решавање на одреден проблем, истиот слободно може да го изнесе во коментар.
Целта на оваа иницијатива е сите критични точки и долгогодишни неправилности кои ги фрустрираат производителите или ги ставаат во нерамноправна положба, да бидат јасно нотирани и доставени до Сојузот на тутунски здруженија.
Задача на Сојузот ќе биде да ги согледа сите забелешки и предлози и, заедно со нас, да подготви решенија кои ќе бидат јавно искомуницирани и доставени во Собранието по итна постапка, со цел законските измени да се издејствуваат пред почетокот на новата производна реколта.
Со почит,
Иницијативен одбор за подготовка на измени на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи




