Агро бизнисВестиТоп вести

Националната земјоделска мрежа со реакција- Земјоделците не ја прифаќаат усвоената програма за директни плаќања за 2026 и бараат измена на истата

Јавно барање до Владата и Министерството за земјоделие

ЈАВНО БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ!!!

Почитувани колеги земјоделски производители.

Националната земјоделска мрежа заедно со повеќе земјоделски здруженија на 16.02.2026 година во Прилеп одржа јавна трибина со цел да се слушне гласот на најзасегнатата страна, а тоа сме ние земјоделците околу новата програма за директни плаќања. По бројни дискусии и негодувања и искажано несогласување со Програмата за директни плаќања од трибината се донесе заеднички заклучок.

Програмата за директни плаќања за 2026 година во секторот земјоделие во целост ја отфрламе поради следните причини: Неприфатливи критериуми за распределба на средствата за поддршка. Вкупната сума од 98 милиона евра за исплата на субвенции за 2026 год при што 42 милиони евра се за заостанати обврски од 2020 до 2025 година и останатите само 56 милиона евра за тековни субвенционирање во 2026 година во сите сектори е повеќе од скромна со оглед на проектираниот национален буџет од 6,7 милијарди евра.

Предлагаме и бараме од Влада и МЗШВ да оваа програма да се стави вон сила и со нова одлука на Владата да се проектира буџет за директни плаќања за поддршка во земјоделието за 2026 година во вкупна висина од 100 милиона евра, плус 40 милиони евра за исплата на заостанати субвенции од 2020 до 2025 година.

Методологијата за распределба на овие средства да се врши на идентичен начин како Програмата за директни плакања за 2025, со тоа што за тутунарите да си останат субвенциите од 100 денари по кг предаден тутун линеарно за сите. Во меѓувреме да се формираат работни групи од сите сектори во кои задолжително ќе бидат вклучени земјоделски производители избрани и делигирани од самите земјоделци и активно ќе се вклучат во изготвување на методологијата за правична распределба на финансиските средствата за поддршка како и вкупната буџетска рамка. Бараме и очекуваме оваа инцијатива да наиде на потполно разбирање и прифаќање од страна на надлежните и дека ќе биде во интерес на спречување на понатамошно стихијно радикализирање на реакциите од страна на оправданото незадоволство на земјоделците кои директно се засегнати од оваа програма.

Со почит Национална земјоделска мрежа

Поврзани новости

Back to top button