fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Тутунарите бојкотираат-чекаат зголемени цени од откупувачите

Според Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, производителите нема да го носат родот на вагите додека не се зголемат откупните цени

Законски откупот почна, но тутунарите не носат тутун на откупните пунктови.

Според Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, производителите нема да го носат родот на вагите додека не се зголемат откупните цени, а велат дека и откупувачите со немањето слух за барањето на тутунарите калкулираат зашто родот годинава е преполовен.

– Ние чекаме и сѐ уште очекуваме некој од откупувачите да се одважи за ги зголеми цените. Досега не покажаа слух на нашето барање да се зголемат цените, минимум за 20 насто а и повеќе иако претходните месеци ни најавуваа дека тоа ќе го сторат. Но од тоа досега нема ништо. Од друга страна се калкулира поради преполовениот род. Се очекуваат околу 13 000 тони тутун. На овој начин си играат со маката на тутунарите. Ги повикуваме да ги зголемат цените зашто ваквата ситуација нењ им оди во прилог ниту на откупните фирми, ниту на производителите, рече  Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.

Годинашниов род на тутунот е квалитетен и според Сојузот, се цени на околу 13 000 тони. Досегашните цени се 300 денари за прва, 240 за втора и 180 за трета класа.https://nezavisen.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close