fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите јавно на трибина ќе дебатираат за проблемите со откупот и склучувањето на договори за идната реколта

Соопштение до јавноста-Новоформираните здруженија организираат Јавна трибина на тема: ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА ВО ТУТУНОПРОИЗВОДСТВОТО

Почитувани

Новоформираните здруженија организираат Јавна трибина на тема: ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА ВО ТУТУНОПРОИЗВОДСТВОТО!

Поради проблемите кои се провлекуваат години наназад со откупот на тутун и во пресрет на склучувањето на нови договори за реколта 2022-2023 година, а со цел за решавање на истите и постигнување на повисоки цени по класи за следната реколта: На ден 19 февруари (сабота)-2022 година во конференциската сала на Библиотеката во Прилеп со почеток од 17 часот.

На трибината ќе се говори за проблемите и решенијата во тутунопроизводството

На овој настан  покрај членовите на здруженијата се поканети и Сојузот на земјоделски здруженија и претставници на тутунопроизводители од поголемите производни реони. Поради ограничениот простор, а со цел на запазување на сите ковид протоколи бројот на присутни ќе биде ограничен поради што јавно им се извинуваме на сите кои сакаат да присуствуваат, а не ќе можат и ги замолуваме за разбирање.

Со почит Новоформирани тутунски здруженија

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close