fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите во неизвесност како ќе тече откупот на тутунот, и дали ќе го блокираат „Сокотаб“?

-Подгответе се за Драгожани блокада на „Сокотаб“ 24/7 не само да пишувате коментари, туку сите заедно да извршиме притисок. Јас сум оптимист, министерот е гарант за потпишаните, вели Мирчески.  

Тутунарите денеска се пред нова неизвесност како ќе тече откупот на тутунот и дали откупувачите овој пат ќе се придржуваат до договореното. Игор Мирчески од ИО на групата „Македонски тутунари“ очекува информации од тутунарите од самите откупни пунктови.

-Подгответе се за Драгожани блокада на „Сокотаб“ 24/7 не само да пишувате коментари, туку сите заедно да извршиме притисок. Јас сум оптимист, министерот е гарант за потпишаните, вели Мирчески.

На договорот од петокот се потпишани откупувачи, министерот и иницијативниот одбор и здружението, но не се потпиша само „Сокотаб“.

-Се договоривме на флексибилна  линија, а што значи тоа. Тоа значи, тоа што е двојка ќе си оди двојка, сега оди во тројка. Тоа што е прва класа сега ќе си оди прва класа. Тоа што е трета класа ќе си оди во втора класа. Значи преодните берби да одат во погорна класа. Сега одат во подолна класа. До сега не даваа кец, сега ќе даваат и кец. Ако не се придржуваат до тоа ние ќе се вратиме на протестите, рече Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунари.

А.Б

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close