fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Тутунот се откупува полошо и од 2015

Големи се очекувањата кај дел од тутунарите дека проблемот ќе биде надминат со посредство на премиерот, па тутунарите на ФБ објавуваат свои ставови во кои голем дел инсистираат тутунот да не се предава се додека нема исход од средбата. 

Тутунарите го чекаат утрешниот ден  и средбата на Иницијативниот одбор со премиерот Зоран Заев. Големи се очекувањата кај дел од тутунарите дека проблемот ќе биде надминат со посредство на премиерот, па тутунарите на ФБ објавуваат свои ставови во кои голем дел инсистираат тутунот да не се предава се додека нема исход од средбата.

Сепак голем дел од тутунарите го предаваат тутунот и разочарани од проценката ги објавуваат пресметките. Најчесто сметаат дека им се цени класа до две пониско од реалната. Тутунарите објавуваат дека оваа година проценката на тутунот е полоша и од 2015, кога просечната цена изнесуваше 184 денари, а годинава според МЗШВ 167 денари за килограм, а да не зборуваме лани кога тутунот имаше просечна цена од 220 денари.

Тутунарите од Иницијативниот одбор сепак не ја исклучуваат можноста за нови блокади и протести. Тие ги повикуваат тутунарите да не критикуваат на ФБ, туку кога ќе има протести да излезат на блокадите.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close