fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Тутунот се откупува на ‘брза’ лента – Откупени се околу 15 милиони килограми тутун

Просечната откупна цена е за речиси 20 денари повеќе во споредба со минатата година

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ.

„Како и минатата година, така и оваа година откупот на тутунот се одвива без проблеми. На ниво на целата територија на државата се откупени околу 15 милиони килограми тутун“, посочи министерот Трипуновски.

Тој додаде дека според последните информации, просечната откупна цена изнесува околу 419,84 денари за килограм, што е за речиси 20 денари повеќе во споредба со минатата година.

„Очекувам, доколку продолжи ваквата динамика, откупот на тутунот од реколтата 2025 да заврши до крајот на годината“, додаде министерот.

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close