Јосифовски-Тутунска надеж бара брз старт на откупот на тутун со цени не помалку од 600 денари по кг
Тутунска надеж апелира Менде Стомнароски конечно да застане на страната на тутунарите или неодложно да се повлече од функцијата.
Здруженито на тутунари, Тутунска надеж реагира на пролонгирањето на откупот на тутунот.
Во годините кога имавме поголеми количини тутун од договорените и откупувачите и МЗШВ како и Сојузот на земјоделски здруженија велеа дека има вишок тутун и презаситеноста на пазарот ја диктира цената. Сега кога количините се двојно помали од договорените треба да важат истите правила. Пазарот да ја диктира цената. Двојно помали количини- двојно зголемени цени!
Кој сака да купи и заработи нека плати. Наместо да се надмудруваме, наместо да се одложува почетокот на откупот и така финансиски да се изнемоштуваат тутунарите, Тутунска надеж бара брз старт на откупот со зголемени цени не помалку од гарантиран просек од 600 денари. Доколку и натаму се продолжи со калкулации , владата да изнајде начин да се реализира откуп кој ќе ги задоволи оправданите барања на тутунопроизводителите.
Без одлагање, исто така, Тутунска надеж апелира Менде Стомнароски конечно да застане на страната на тутунарите или неодложно да се повлече од функцијата. На тутунарите им требаат борци, а не владини слуги.
Тутунска надеж, Васко Јосифовски