вести

Велешка Маслодајна започна со откуп на сончогледот

Во велешка Маслодајна во тек е откупот на сончогледот. Редици камиони кои со македонски регистарски таблички, но и од соседството чекаат да го предадат родот, обран од македонските и од полињата во соседна Србија и Бугарија. Вообичаено сончогледот најмногу е засеан во Пелагонија и Овче Поле.

veleshka maslodajna zapocha so otkup na sonchogledot

 

„Планираме откуп меѓу 10 и 15 илјади тони сончоглед. Поголемиот дел е од увоз бидејќи родот од македонските полиња не ги задоволува потребите. Оваа количина ќе задоволи некаде околу една четвртина од потребите на македонскиот пазар за масло за јадење. Во Македонија нема доволно род на сончоглед, што не е случај и со Европа”, вели Ирена Брчкова, директор на производство во велешката фабрика за масло „Благој Ѓорев”.

Популарната Маслодајна со 93 години традиција и натаму е најголемиот производител за масло за јадење во земјава. Веќе подолг период цената на литар масло за јадење е позиционирана на околу 61 денар. Во екот на подготовките на домашните зимски специјалитети ајварот и туршијата, од фабриката уверуваат дека не се очекува промена на цената.

„Откупот на сончогледот е по берзанска цена, која не е различна од претходниот период. Поради ова не очекуваме дека може да се случи промена на продажната цена на маслото за јадење”, додава Брчкова. Маслото за јадење две години е со малопродажна цена околу едно евро, со тоа што стигна и до рекордно ниски 54 денари за литар, откако две години претходно се продаваше и за 110 денари.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close