fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Тутунски Прилеп: За прва класа тутун ќе се плаќа 365 денари, и за тие што првично добија 330 денари од кг.

Тутунарите што зеле 330 денари за килограм ќе им биде доплатена разликата.

Нова цена од 365 денари дава Тутускиот комбинат од Прилеп за килограм прва класа ароматичен тутун од ланската реколта. Акционерите на  одржаното Собрание вчера ја прифатија предлог-одлуката од Одборот на директорите, за зголемување од 35 денари по килограм.

Промената се однесува за сите производители кои веќе продале дел или можеби целото производство и добиле износи пресметани по првично утврдената цена од 330 денари за килограм. Ним ќе им биде доплатена разликата.

Како што е наведено, одлуката веднаш стапува во сила. Со овој потег, целта на прилепскиот Комбинат е да ги израмни откупните цени со конкуренцијата присутна на пазарот на ароматичен тутут од минатогодишната реколта.

Извор https://pari.com.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close