fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Уапсен е маж од Слоештица запалил плевна на скопјанец

Лишено лице од демирхисарско за предизвикување на општа опасност.

 

На 23.05.2025 во с.Слоештица, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишија од слобода Н.М.(69) од с.Слоештица. Имено, во ОВР Демир Хисар е пријавено дека настанал пожар на куќа во с. Слоештица, а по преземени мерки е констатирано дека Н.М. запалил гранки помеѓу куќа и плевна, сопственост на А.П.(45) од Скопје, при што била зафатена плевната која целосно изгорела. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар и по документирање на настанот против лицето ќе следува соодветна пријава.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close