fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

УБАВА ВЕСТ!- Субвенциите за тутунарите до крајот на април!

Николовски вели- Над 26 милиони евра во еден ден ќе бидат исплатени на тутунарите.

По Велигден ќе бидат исплатени субвенциите за тутунарите, објави министерот Љупчо Николовски.

Екслузивно за Телевизија 24: Исплата на субвенциите за тутунопроизводителите до крај на април! Над 26 милиони евра во еден ден ќе бидат исплатени на тутунарите, објави министерот Николовски.

„Целта на новиот модел на субвенционирање беше брза и навремена исплата на субвенциите, што е битно за земјоделците да ги имаат парите кога им се потребни. Оваа година за само два месеци се исплатени над 60 милиони ервра кон 78.000 земјоделци. Платежната агенција беше целосно подготвена и апликациите за субвенции се исплатени. Започна исплатата на лозарите, на поледелците за житните култури, на градинарите, сточарите и денеска можам да најавам дека тутунот, кој секогаш се исплаќал многу подоцна, оваа година ќе се исплати до крајот на април. Бидејќи годинава имавме рекордно добар тутун, кој беше класифициран како прва класа, а согласно новиот модел на субвенционирање, мотивираме квалитет, и кај тутунот ги зголемивме субвенциите за тие кои имаат прва и втора класа, износот ќе биде околу 26 милиони евра и ќе биде исплатен кон сите тутунопроизводители, а исплатата ќе се реализира до крајот на април.“, најави министерот .

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close