Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Убави вести токму за малите семејни винарии
Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000 денари, со што го поткрепуваме развојот на производи со традиционални карактеристики и ја зголемуваме конкурентноста.
Денот го започнуваме со убави вести, токму за малите семејни винарии.
Почнувајќи од денес започнува постапката за прибирање на барања за неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино за оваа година.
Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000 денари, со што го поткрепуваме развојот на производи со традиционални карактеристики и ја зголемуваме конкурентноста.
Остануваме посветени на реализација на проекти кои се во корист на земјоделците, го поддржуваме развојот на новите семејни бизниси од областа на производство на вино, се грижиме за секој еден.