fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија

Убиство во селото Подлес, Градско

Му дошле пред куќа и се карале, извадил пиштол, едниот го убил, другиот тешко ранет

Шеесет и едно годишен жител на село Подлес, Градско, вчера, убил еден и ранил друг велешенац по расправија пред неговата куќа.

Според информациите двајцата велешани попладнето дошле пред неговата куќа и имале расправија со 61 годишниот домаќин. По расправијата тој извадил пиштол и пукал кон двајцата велешани. Едниот го убил , додека другиот е тешко ранет.

Според информациите на А1он, тој пукал со пиштол  „Црвена Застава“, кој по настанот е пронајден и одземен, но се уште нема информација дали го поседувал легално.

Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д 42 годишен,  додека со тешки телесни повреди 44 годишниот М.В е пренесен во велешка болница.

Настанот го потврдија и од СВР Велес

„ На 12.06.2023 во с.Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.И.(61) од с.Подлес. Околу 16.10 часот пред неговата куќа, тој, по претходна расправија, од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми кон М.Д.(42) и М.В.(44), двајцата од Велес.

Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, М.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување помош.„

61 годишниот С.И. е уапсен а на местото на настанот е извршен увид од страна на екипа од СВР Велес и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close