fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Климатските промени силно удираат врз производството на храна на македонските ниви

Земјоделските експери со години алармираат дека како држава сме зависни од увоз на семенски материјал.

Земјоделците и институциите , иако имаат програми сепак се уште  на терен не можат да се справат со климатските промени. Променет е режимот на врнежи, температурата е порасната за сетен и пол. Токму промената на климата изминатите години го намали родот на пченката, пченицата, сончогледот и грозјето, а годинава ова веќе се чувствува и на раноградинарските производи пиперката и доматот.

Земјоделските експери со години алармираат дека како држава сме зависни од увоз на семенски материјал. Домашниот семенски материјал покрива само една четвртина од потребите на земјоделците, но се уште не се користат сортите отпорни на климатските промени.

Земјоделскиот институт при УКИМ и ФАО при ООН почнаа  опити со пиперка, пченица и грав, за да се утврди отпорноста на климатските промени. Според  резултатите ќе се прави и државна стратегија.

Во услови на двоцифрена инфлација, производството на храна на македонските ниви станува еден од приоритетите на државата. Според земјоделските експерти освен тоа што климатските промени влијаат на производството,  земјоделците мора и забрзано и целосно да ја модернизираат својата механизација. Но и државата, општините да најдат начини и мерки за задржување на младото население во руралните подрачја. Според последниот попис во општините Штип и Карбинци  26 села се празни.https://telma.com.mk/2022/06/25/klimatskite-promeni-silno-udiraat-vrz-proizvodstvoto-na-hrana-na-makedonskite-nivi/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close