Агро бизнисВестиТоп вести
Променливо облачно, претпладне повремен локален дожд
МЕТЕОАЛАРМ ЗА ДЕН 12.10.2026: силен ветер од северозападен правец, кој наместа ќе надминува 60 km/h.
Променливо облачно, претпладне ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од северозападен правец.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време наместа со повремени врнежи, кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Од утре до почетокот на викендот ќе дува засилен северозападен ветер, кој повремено наместа ќе биде силен.





