Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Жетвата почнува нема цена на житото Дали ќе се исплати трудот на земјоделците?

Асоцијацијата на земјоделци и фармери ќе настапи со свој предлог за цените на житните култури од новата реколта. „На состанокот пред потсекторката група во присуство на министерот за земјоделие, јас како претседал на Асоцијацијата на земјоделци и фармери ќе предложам откупната цена на пченицата да не биде под 16 денари, бидејќи трошоците се зголемени. Доколку берзата на пченицата кажува спротивно на нашите пресметки за трошоците, оти нели пченицата оди на берза, ние остануваме на истиот став дека цената за килограм пченица или јачемен треба да биде најмалку 16 денари, но долколку берзата кажува пониска цена, разликата да ни ја доплати државата“, изјави Стојкоски за „Зелена берза“.

Жетвата на јачменот веќе почна во Неготино и Градско, за десеттина дена и во другите житници од државата, а нема цена на житото.

Ваквата состојба на терен силно ги загрижува производителите на житни култури. Жетвата на јачменот во зависност од сите други години почна порано заради поволните временски услови и дождливата пролет. За пченицата подготовките се во тек, но засега ситуацијата за производителите е неизвесна колку ќе чини нивниот род и дали ќе ги покријат трошоците за производство со оглед на поскапувањата на горивото, на репроматреијалите, на нивниот труд.

Петре Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци и фармери за „Зелена берза“ алармира дека се доцни со состанокот на потсекторската група за жито при МЗШВ, советодавно и координативно тело составено од претставници на министерството, земјоделци, мелничари и откупувачи за да се оформи цената на житото за реколтата 2026.

Она што според Стојкоски ќе се бара на состанокот е цената на килограм жито да не биде под 16 денари.

За споредба, лани цената на јачменот и пченицата се движеше од 10 до 12 денари за килограм, што за производителите беше неприфатлива и потценувачка за нивниот труд и вложените трошоци.

Стојкоски вели дека годинава се очекува како ретко досега квалитетна пченица заради поволните временски услови и дождот.

Стојкоски јавно повикува дека час поскоро мора да има состанок на земјоделците со мелничарите и откупувачите.

„Мора да имавме итен состанок на потсекторката група за жито во МЗШВ. Јас кажав дека состојбата е итна заради оформување на цената на  јачменот и пченица пред самата жетва. Но, овие култури почнуваат да се жнеат, а ние немаме зборувано за цената, колку се пресметките за килограм јачмен, а колку за пченицата? Неизвесноста е голема“, вели Стојкоски во изјава за „Зелена берза“.

Асоцијацијата на земјоделци и фармери ќе настапи со свој предлог за цените на житните култури од новата реколта.

„На состанокот пред потсекторката група во присуство на министерот за земјоделие, јас како претседал на Асоцијацијата на земјоделци и фармери ќе предложам откупната цена на пченицата да не биде под 16 денари, бидејќи трошоците се зголемени. Доколку берзата на пченицата кажува спротивно на нашите пресметки за трошоците, оти нели пченицата оди на берза, ние остануваме на истиот став дека цената за килограм пченица или јачемен треба да биде најмалку 16 денари, но долколку берзата кажува пониска цена, разликата да ни ја доплати државата“, изјави Стојкоски за „Зелена берза“.

Земјоделците и нивните здруженија не само што ја очекуваат цената на житните култури, туку притискаат и си ги бараат заостанатите субвенции за предадено жито и по други мерки за изминатите две години кои не им се исплатени.

текст Анета Блажевска

Поврзани новости

Back to top button