Агро бизнисБез категоријаВестиЕкологијаТоп вести
УХМР: Ноќва, врнежи и грмотевици од Велешко преминуваат на Скопско и Кумановско
Од запад преку ноќта не се очекува нов бран на врнежи.
Во вечерните часови нестабилност проследена со грмежи и пороен дожд имаше претежно во централните делови и на исток, а движењето е претежно кон исток и североисток.
Во моментов дел од нестабилната облачна маса од која има грмежи и услови за пороен дожд се движи преку Велешко и преку јужните делови од скопско, а ќе премине во кумановско и светиниколско.
Втор дел со поширока нестабилност ја преминува Плачковица и ќе ги зафати Малешевијата и крајниот исток
Оваа нестабилност ќе се одржува во првиот дел од ноќта и потоа ќе ослабе, а ќе се премести сосема на исток.
Од запад преку ноќта не се очекува нов бран на врнежи.