fbpx
Вести

Оризопроизводителите чекаат нова влада за да има со кого да преговараат за откупните цени

orizoproizvoditeli

Без надеж се кочанските земјоделци дека ќе ги продадат произведените количини ориз од минатогодишната реколта. Велат дека политичката криза во државата ја чувствуваат директно на свој грб, па чекаат на новата Влада за да има со кого да преговараат за откупот. Цените за килограм предадена арпа што им ги нудат откупувачите се далеку пониски од трошоците за производство.

„30 денари, арпата е 12-13 денари, неизводливо е, дали е ќе се раздолжиме ние земјоделците, не знаеме дали и ќе сееме оваа година. Што ако произведувам, дома ми стои, ниту го купуваат, ниту го продаваат, а невработен. Што се 30 денари, не можеме да си ги покриеме ни трошоците. Ќе излупам 100 кила и ќе го дадам на пријателите оти е џабе, другиот стои, подобро глувци да го јадат, отколку да им го дадеме џабе“ , рекоа производителите на ориз.
Земјоделците се жалат дека ниту исплатата на субвенциите не е се одвива како што им било ветено, оти добиле само дел од парите, а остатокот уште го чекаат.
„Има една третина дадено субвенции, другите стојат, доста луѓе се жалат дека не земале. Излез, субвенции нема, нема ништо, каков излез, мафијашка држава“, рекоа земјоделците.
За состојбата со пласманот и покачувањето на откупните цени здруженијата на оризопроизводителите од Кочанско последен пат во ресорното министерство преговараа во октомври. Тогашните најави оти килограм арпа нема да се откупува под границата од 20 до 25 денари не се реализираа. Сега со полни амбари и празни џебови земјоделците не знаат како ќе ги започнат подготовките на површините за новата сеидба што треба да започне за два месеци.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close